Проблемите кои неизбежно се јавуваат во заедницата ги засегаат сите членови во неа. Оттука произлегува и потребата за едно сеопфатно решение кое ќе одговори на сите проблеми и значително ќе го олесни живеењето во заедницата.
Тимот на Амала ги увиде овие проблеми, и преку разговори со повеќе членови од различни заедници, стигна до Моја Заедница – решението кое му е повеќе од потребно на секој куќен совет.
Но што поточно е Моја Заедница?

Моја Заедница – Сеопфатно Решение за Секој Куќен Совет
Моја Заедница е софтверско решение кое има за цел да го оптимизира а со тоа и да го олесни раководењето на станбени објекти. Овој софтвер за менаџирање е идеален за сите станбени објекти кои се соочуваат со проблеми во секојдневното функционирање.
Моја Заедница има за цел да ја олесни комуникацијата меѓу станарите и куќниот совет, а воедно и да го олесни тековното работење. Софтверот е составен од повеќе модули кои се лесно достапни за сите членови на заедницата како финансиско работење, огласна табла, пријавување на проблеми, извештаи, и анкети.
Целта на Моја Заедница е да го олесни работењето на куќниот совет и да ја подобри комуникацијата помеѓу станарите преку автоматизирање на целиот процес. Станарите можат да учествуваат во донесувањето на сите важни одлуки како и да бидат навремено информирани за сите значајни промени, без разлика каде се наоѓаат.
Од друга страна, претседателот на куќниот совет повеќе нема да треба да ги “брка“ сите станари за состанок или гласање, а ниту пак да става ливчиња со известување низ зграда. Моја Заедница претставува едно модерно решение кое има за цел да го олесни и автоматизира целиот процес на комуникација помеѓу станарите и куќниот совет.
Зошто Моја Заедница?

Заедницата е еден екосистем чијашто хармонија и беспрекорно фунцкионирање може многу лесно да се наруши. Заедницата е составена од најразлични членови, кои не секогаш го делат истото мислење. Тоа често доведува до тензии и кавги меѓу станарите кои никогаш не завршуваат добро.
Амала ги увиде овие потенцијални проблеми и го создаде софтверот кој со своите неколку модули за комуникација и финансиско работење, ќе го олесни работењето на куќниот совет и ќе ги спречи потенцијалните недоразбирања. Земајќи во предвид дека станарите се од најразлични годишни групи, софтверот е интуитивен и лесен за користење.
Како до Моја Заедница?
Софтверот е достапен на ниво на цела Македонија и е многу лесен за имплементирање. Доколку сте заинтересирани за презентација или повеќе информации околу начинот на функционирање, можете да ни пишете на [email protected] или да не побарате на бројот +389 71 350 533. Во договор со вашиот куќен совет, ние ќе го најдеме најдоброто решение за вашата заедница.
Олеснете си го живеењето со Моја Заедница – сеопфатно и модерно решение за сите станбени проблеми!
